20 занимливости за кивањето

Кивање или стернурација е свесен рефлекс кој едноставно не можеме да го контролираме. Сите киваме, некои гласно, некои тивко. И кога ќе пројде сезоната на грип и настинка, постојат сеуште некои кои киваат поради сезоната на алергии. Затоа треба да знаете по нешто за кивањето.

    Кивањето почнува во Вашите нерви. Сигналите кои доаѓаат преку нервите говорат на мозокот дека нешто се наоѓа во Вашиот нос и треба да се отстрани надвор. Сите имаме нервен систем кој е поврзан на ист начин, но сигналите до нашиот мозок можат да патуваат на различни начини, па затоа и кивањето кај сите нас се разликува.

    Киваме поради здравјето. Кивањето е многу важен процес за одржување на имунитетот кој помага да останеме здрави и да носот не ни е затнат. Кивањето го штити нашето тело така да со тој процес се отстрануваат бактериите и вирусите од носот. Кога нешто ќе влезе во нашиот нос или пак кога ќе наидеме на нешто што го активира “центарот за кивање” во нашиот мозок, кој се наоѓа во долниот дел на мозоќното стебло, сигналите со голема брзина се испраќаат со што цврсто се затвара грлото, очите и устата. Силната природа на кивањето се препишува на фактот да самиот акт кивање инволвира силна, комбинирана и хармонична активност на неколку мускули на лицето , грлото и градите. Во текот на кивањето непцата и ресичките на непцето се спуштаат, додека задниот дел на јазикот се издига при што делумно се затвара отворот према устата, а воздухот од градите се отстранува преку носот. Со оглед да затварањето на устата е делумно, значајна количина на воздух излегува и преку уста. Сето тоа резултира дека воздухот, заедно со бацилите од плунката и слузта се отстрануваат од носот и устата. И ете, кивнавте.

    Кивањето е брзо. Рефлексот кивање го отсранува воздухот од носот со брзина од 150 км на час. Притоа, само едно кивање може да отстрани 100000 бацили во воздухот. Нема теорија со која може да го избегнете.

    Додека спиете, не кивате! Kога спиете, спијат и Вашите нерви задолжени за кивање.  Во спиењето не доаѓа до кивање поради т.н REM атонија, односно состојба на несвесност во која нема надразнување на моторичките неврони, па со тоа ни рефлексните сигнали на кивањето не се праќаат во и од мозокот. Сепак, одредени надворешни фактори може да одведат да особата се разбуди за да кивне, состојба во која особата е делумно будна односно во свесна состојба.

    Најдолго кивање траело 978 денови, а тој рекорд припаѓа на Донна Грифит од Ворчестер во Англија. Податок од страна интернет страница на Конгресната библиотека.

    Ви се кива од вежбање? И вежбањето може да предизвика кивање. Кај телесни оптеретувања доаѓа до хипервентилација, па така носот и устата почнуваат да се сушат. Поради тоа носот реагира така пто почнува да тече, а со тоа почнува и да кива.

    Кивате додека ги отстранувате влакната од веѓите! Тоа може да предизвика кивање преку надразнување на тригеминалниот нерв на лицето кој е поврзан со носните патишта, што и резултира со кивање.

    Кивање на плажа! Пердуви, пиперки, настинка, грип и досадни алергии не се единствена причина за кивање. Ни се кива и од сонцето. Сончевата светлина предизвикува кивање кај една од четири особи. Особи кои киваат на сончева светлина се нарекуваат фотици, што на грчки јазик значи ” од светло”. Зборот потекнува од рeакцијата која се нарекува фотични рефлекс на кивање. Научниците не знаат за причините на оваа појава, но се знае дека кивање на светло  е вродена, наследна автосомно – доминантна карактеристика која е приусутна кај 18-35% од популацијата.

    И сексот може да предизвика кивање! Морате да кивнете после секс? Тоа се случува многу почесто отколку што мислите. Научниците сметаат дека стимулацијата  на парасипматичкиот нервен систем кај некои луѓе испраќа сигнали не само за уживање во чинот на водење љубов, но и за кивање после тој чин. Познато е дека некои особи киваат во тек на еротски масажи и почетни фази на сексулано возбудување.Иста реакција е забележана и кај особи од двата полаи можно е да се наследни, природни карактеристики. Лекарите претпоставуваат дека оваа појава е резултат на вкрстување на сигналите во автономниот нервен систем која регулира голем број на телесни функции, вклучувајќи и будење на гениталиите во тек на сексуална возбуда. Имено, покрај гениталлите и носот содржи еректилно ткиво.

    Пријатно и наздравје! Кај некои особи приметен е редок пример на предизвикување кивање т.е полниот стомак после обилен оброк. Овој феномен е познат под името снатијација, кој истотака генетски се пренесува како автосомна – доминантна карактеристика.

    Животно кое најмногу кива е игуаната. Игуаната кива почесто и попродуктивно за разлика од било кое друго животно. Кивањето ги отстранува олите во телото на игуаната кои се нус производ на варењето на храната.

    Подобро е да се кивне гласно отколку да се задржи кивањето. Ако Ви се кива, а сте на концерт, кино, предавање, верски објект…, не се препорачува да се обидете да го запрете кивањето. Многу ретко, запирање на кивањето може да предизвика повреда која може да се манифестира со пукање на крвните садови во окото, ослабување на крвните садови во мозокот, напукнување на тапанчето во увото или пак проблеми со дијафрагмата.

    Како да го избегнете кивањето? Некои особи киваат многу гласно (што зависи од волуменот на воздухот  што го отсрануваме и брзината со која се движи) Kako izbjeći kihanje? Neke osobe kišu veoma glasno (što ovisi o volumenu zraka koji izbacujemo i brzini kojom se kreće) и кога се во друштво понекогаш сакаат га го спречат кивањето. Доколку имате чувство дека кивањето доаѓа и сакате да го избегнете пробајте со начин кој не секогаш ќе делува сигурно – низ устата издишете го воздухот од белите дробови (воздух кој би се искористил за процесто на кивање), задржете го воздухот, избројте до 10 и полека издишете се , притиснете ги двете ноздри на долниот крај во траење од неколку секунди.

    Кивањето го ресетира нашиот нос! Во истражувањата од 2012 година, научниците испитувале зошто киваме и што се случува кога киваме. Списанието  „Science Daily“ заклучува: “Како и комјутерот кој се  чудно се понаша, така и нашите носеви, кога ќе станат преоптеретени, треба повторно да се вратат во почетна состојба, при што се ресетира околината во носните патишта во која се наоѓаат ” лоши” честички  коиги вдишуваме преку носот.”

    Потполнио е нормално да кивнеме два или три пати по ред. ” Лоши” честички заробени  во носните патишта нема да излезат толку лесно. Често е потребно повеќе пати да се кивне со цел да се отстранат честичките: Некои особи секогаш киваат по ист број на повторувања.

    Очите несвесно се затвараат. Во паниката која доаѓа додека возите автомобил, а имате чувство дека ќе кивнете, тешко е дека ќе ги задржите очите отворени. рефлексот кивање инволвира контракции на повеќе различни мускули и група на мускуливо целото тело, вклучувајќи ги и очните капаци. Се работи за несвесен рефлекс, како ког а докторот ќе ве чукне со малото чеканче по колено. Меѓутоа, можно е и да се кивне со отворени очи, така да тврдењата да мора да се затворени очите при кивање, не се точни!

    Вашето срце не запира при кивање! Без обзир што кажуваат митовите околу тоа, срцето не престанува со работа при кивање. Брзото избацување на воздухот со собран граден кош и стимуалција на вагусните нерви  дпри кивање доведува до незначајно успорување на работата на срцето и мали промени на срцевиот ритам, но со сигурност срцето не престанува со работа. Поради што ефектот е минимален, голем број на особи не чувствуваат промени.

    Ни Вашите очи не можат да излезат при кивање. Многу од нас природно ги затвараат очите кога киваат, но и да се отворени тие цврсто ќе стојат на свое место. Крвниот притисок во очите незначајно се зголемува што не е доволно да очите излезат од главата. Според тоа, без оглед на измислиците кои можеби сте ги слушнале, не постои можност да Ви излезат очите од кивање.

    Суеверие поврзано со кивање! Некои народни приказни за кивањето велат дека доколку кивате некој ќе Ви се придружи наскоро или пак ако Вашата мачка кивне, ќе врне дожд. Во некои култури на Далечниот истокдоколку кивнете без повод, се смета дека ве спомнува некој во тој мопмент. Постои и суеверие дека доколку збпреите за некој позади грб, таа особа ќе кивне. Од друга страна, особата која кива, ќе знае дали зборите добро ( ќе кивне еднаш), лошо ( ќе ќивне два пати) или пак ако се заљубил некој во таа особа, ќе кивне три пати по ред. Слични верувања се забелажани ширум светот посебно во грчката, словенската, англиската, француската, непалската и јапонската култура. Во некои делови на Индија и Иран постои суеверие да кивање пред почеток на некоја работа е знак дека таа работа ќе се прекине поради нешто лошо. Обичај е да се накратко прекине со работа, да се напијат вода или колку да се прекине работниот ритам пред да се продолжи со цел да се спречи невоља. Во некои делови на Полска постои суеверие да кивањето е лош знак кој потврдува да во тој момент бабата збори лошо за зетот кој кива односно свекрвата за снаата.Во културата на античка Грција постоело суеверие (во некои делови се задржало до денешен ден) да кивање на оние кои го слушаат говорникот е позитивен знак испратен од боженството како потврда за вистинитоста за она што говори говорникот.

    Благословие поврзано со кивањето! Во држави од англиско говорно подрачје вообичаен одговор кога некој ќе кивне е ” Бог да те благослови”. Од каде потекнува тоа е нејасно, а постои неколку теории за овој обичај. На пример верувањето да човечкиот живот е поврзан со неговиот дух (тоа верување се одразува и на англискиот збор  „expire“, со значење да се издише, издишување, почине) при што со благословување се спречува да душата побегне од телото и да постои можност душата да ја заробат злобни души.  Може да се случи да злобните души влезат во телото кога устата е отворена при кивање и да останат во телото, па поради тоа треба да се благослови после кивање со што би се спречиле злобните души. Некои велат дека таа фраза е влезена во употреба за време на епидемијата во 14 век, додека други сметаат да настанала во периодот на ренесансата кога се мислело дека ако некој кивне, негово срце застанува за момент, а со благословување повторно почнувало да работи срцето. Истo така, се смета дека оној што благословува го кажува тоа и самиот да не се разболи.

    Практиката во исламската култура се темели на учењето на Божјиот следбеник Мухамед. Така на пример во врска со кивањето тоа е предавање на од Бухари, Абу Хурари, со што Мухамед рекол: Когa некоj од Вас ќе кивне, нека каже: “Elhamdulillah”  (фала на Алах). Со што ќе му возвратат со :   “Jerhamukellah”  ( Алах ти се смилува). Вие на тоа кажете: “Jehdikumullahu ve juslihu balekum”  ( Алах те упати и ти ја разубави состојбата).