Останете здрави

Како да ја спречите настинката?

Настинката е заразна болест. Најлесно се шири преку воздухот преку вдишување на ситни капки секрет која заразената особа ги исфрла преку кашлање или кивање. Се смета дека на тој начин може да се зарази ако особите се на кратки релации. Вирусот може да се шири и преку допир, преку раце и контаминирани предмети. Вирусот кратко време може да преживее на предмети кои се употребуваат секојдневно како што е кваката на вратата, пари, пенкала, тастатура на компјутер, мобилен, прибор за јадење или пиење итн. и каде што после тоа со неизмиени раце се допира лицето, устата, носот. Риновирусите надвор од организмот можат да преживеат и до 18 саати.

Најдобар начин да спречите настинка е да го намалите ризикот на пренесување на вирусот, особено помеѓу децата, а тоа е често миење на раце (со сапун и вода, или средства за дезинфекција на база на алкохол) и избегнувајте близок контакт со настинати особи. Кога сте опкружени со болни особи постои можност да Вашите раце се веќе контаминирани со вирусот и поради тоа не го допирајте носот, устата или очите.

Во чекалниците на јавното здравство, изолација е невозможна со оглед да болеста е широко распространета, а симптомите не се специфични. Со оглед на големиот број вируси кои ја предизвикуваат оваа болест и кои многу брзо мутираат, не е можно да се направи една вакцина со широк спектар на делување.

Особи со настинка предизвикана од риновируси најзаразни се во тек на првите три дена од појава на симптомите. После тоа можноста за зараза опаѓа. Настинати особи би требало да киваат и кашлаат во еднократни марамчиња (хартиени марамици) и потоа веднаш да ги измијат рацете. Особи кои киваат треба на устата да ја стават подлактицата или внатрешниот дел на лактот. Ставање на раката на уста се смета за непримерно однесување поради што би се ширел вирусот во контакт со други особи. Ова може да ја намали, но не и да ја елиминира во потполност инфекцијата. Истражувањата покажуваат да надвор од носната слузница риновирусите можат да преживеат од 3 до 18 часа. Затоа е потребно чистење на предметните површини со дезифициенси кои што можат дополнителни да го спречат ширењето на вирусите.

 

Како да го спречите грипот?

Грипот се шири на сличен начин како и настинката, па така и превентивните/заштитни мерки се слични како и кај настинката.

Особа заразена од грип може да биде заразна и пред манифестно да заболи. Кај другите особи кои не се заразено со  вирусот на грип (период во кој заразената особа може да го пренеси вирусот кај незаразена особа) значајно се зголемува уште од првиот ден после заразата. Врвот се достигнува вториот ден и во просек вкупно трае пет дена, со тоа што може и да трае до 9 дена. Децата повеќе се заразуваат за разлика од возрасните и кај нив симптомите се развиваат порано и тоа трае и две седмици по инфицирањето. Кај особи со слаб имунитет вирусот може да трае и подолго од две седмици.

Со кашлање и кивање се исфрлаат голем број  (3.000-40.000) ситни капки кои содржат вируси кои се шират со воздухот. Пречникот на капката е  0,5 до 5 µm (1 µm = милионити дел на метарот) доволно ситен да може да се вдише, а вдишување на една капка може да биде причина за зараза. Многу капки се доста големи и  можат да преживеат до неколку денови, особено ако се наоѓаат во обложена слуз, која може да ги штити и до две седмици. Ниската влажност на воздухот и недостатокот на сончева светлина во зимскиот период е погодно за подолго преживување на вирусите, а докажано е дека и преносот на вирусот е најинтензивен на ладно време со ниска релативна влажност на воздухот.

Во некој развиени земји во тек на сезоната на настинки и грип вообичаена пракса е да се носат маски на лицето во ситуации кога се остварува близок контакт со други особи. Болните и особите кои ги негуваат ги носат маските. Нема силни докази да здравите луѓе можат со носење на маски да се заштитат од зараза.

Во чекалниците на јавното здравство, епидемијата на грип многу брзо се шири и е тешко да се контролира. Многу од врстите на вирус инфлуенцата не се во висока мера инфективни, па така секоја заразена особа може да зарази една до две други особи. Сепак, времето на генерирање на вирус инфлуенцата е многу кратко: од моментот кога едната особа ќе се зарази до моментот кога таа особа ќе зарази некој друг, поминуваат само два дена.  Краткото време на генерирање објаснува зошто епидемијата на грип почнува и завршува во релативно краток период од само неколку месеци. Епидемијата на грип го достигнува својот врв отприлика после два месеци, а исчезнува после три месеци. Одлуката за реагирање на епидемијата на грип треба да се донесе благовремено, но често врз основа на непотполни податоци. Уште еден проблем претставува и фактот да заразените особи постануваат заразни и пред појавата на симптомите, што значи да нивна изолација после разболување не претставува ефективна интервенција на јавното здравство..

Иако ефикасноста на вакцината против грип може да варира од една до друга особа, поради различните фактори како возраст, здравствена состојба итн., се препорачува вакцинација барем две седмици пред очекуваниот почеток на сезоната на грип. Нови вакцини се внесува на пазарот секој септември. Освен класичните вакцини постојат и вакцини против грип во форма на спреј кои се аплицираат преку носната слузница. Исто така, постојат и некои алтернативни лекови (на рецепт) кои во некои земји се одобрени за примена поради превенција од грип.