Кој може да користи Rhinostop®?

rhinostop-pakovanje-tablete-i-sirup

Rhinostop® може да го користат возрасни и деца над 6 години. Rhinostop® се применува перорално (преку уста), во форма на таблети или сируп.

Возрасни и деца над 12 годишна возраст  треба да користат  Rhinostop® таблети :

  • земаат 1 (една) таблета на секои 6 часа.

Доколку на некои возрасни особи, одговара примена на лекот  RHINOSTOP® во форма на сируп,може да се применуваат истите дози, кои се препорачани за деца постари од 12 години.

Деца од 6 до 12 години треба да користат  Rhinostop® сируп,и тоа:

  • деца 6 до 12 години 1 (една) мерна лажичка (5 ml) сируп на секои 6 часа,
  • деца постари од 12 години 3 (три) мерни лажички сируп (вкупно 15 ml) сируп ,на секои 6 часа.

Rhinostop сируп е со црвена боја, со карактеристичен мирис на малина, пријатен вкус, така што децата лесно го прифаќаат.
Деца на возраст од 6 до 12 години, не смеат да користат  Rhinostop® сируп подолго од 5 дена , без совет од доктор.

 

Кај пациенти со благо до умерено оштетена функција на бубрезите,се препорачува продолжување на интервалот помеѓу поединечните дози на таблети или сируп – на секои  8 до 12 часа.