Што е Rhinostop®?

Rhinostop®  брзо и ефикасно ги ублажува симптомите на настинка и грип (и ги спречува симптомите на алергиски ринитис), меѓу кои:

  1. зголемена секреција од носот,
  2. кивање,
  3. затнатост на носот и синусите,
  4. црвенило на носот и очите,
  5. насолзени кои кои чешаат,
  6. главоболка,
  7. болка во синусите,
  8. болка во грлото,
  9. болка во мускулите и зглобовите,
  10. висока телесна температура,
  11. општа слабост.

 

Rhinostop® е внимателно дизајниран повеќе компонентен лек, првенствено со цел брзо и ефикасно да ја подобри здравствената состојба на пациентот, и да му овозможи побрзо враќање кон нормалното функционирање и извршување на секојдневните активности.

Во извршените клинички студии Rhinostop®  докажа значително поголема ефикасност т.е. делување  на поширок спектар на симптоми во однос на монокомпонентните препарати (на пр.парацетамол 500 mg).

Во испитувањето кое се однесува на отстранување на водечките симптоми на настинка (температура, главоболка,болка во подрачјето на лицето, отечени очни капаци, затнатост на носот,течење од нос,црвенило и оток на носните школки) Rhinostop® делува на сите испитувани симптоми и е докажан како ефикасен во поглед на сите анализирани параметри.

Според субјетивната проценка на пациентите и објективната проценка на докторите, Rhinostop® е оценет како подобар и прифатлив лек во третман на настинка.

rhinostop-pakovanje-tablete-i-sirup

Rhinostop® –  пакување:

  • кутија со 10 таблети
  • шишенце со 100 ml сируп.

 

Rhinostop® – состав:

  • 1 таблета содржи: парацетамол 251,0 mg, псеудоефедрин хидрохлорид 61,20 mg, хлорфенамин малеат 2,54 mg
  • 5 ml сируп содржи: парацетамол 101,0 mg, псеудоефедрин хидрохлорид 20,20 mg, хлорфенамин малеат 1,01 mg.

 

Rhinostop® содржи:

  • парацетамол – аналгетик и антипиретик кој ја намалува покачената телесна температура, отстранува главоболка и болка во мускулите и зглобовите
  • псеудоефедрин – деконгестив кој го намалува отокот на дишните патишта , ја подобрува нивната проодност, намалува прекумерна секреција во носните синуси, го олеснува дишењето
  • хлорфенамин – антихистамини кој го намалува отокот на слузницата на носот и притисокот во синусите, намалува солзење и индиректно ја намалува  кашлицата.

Во препорачани дози  Rhinostop® е добро поднослив лек , а несаканите ефекти се ретки и со благ до умерен интензитет.
Заедно со Rhinostop® не применувајте други лекови кои содржат парацетамол или лекови кои се користат за третман на симптомите на затнат нос.
За повеќе информации за несаканите ефекти, мерките на претпазливост и контраиндикациите  од примената на лекот, погледнете ја содржината на под страницата Упатство за пациентот.