Што е грип ?

Грипот (инфлуенца) е многу заразна вирусна инфекција на дишните патишта и органите тежок и сериозен тек. Се проценува дека 5-20% од популацијата , секоја година заболуваат од грип. Основни карактеристики на грипот се нагло почнување и покачена температура,болки во мускулите,болка во грлото и почеток на сува кашлица( без искашлувачка содржина).

Болеста се јавува кај сите возрасти. Иако, кај поголемиот број лица трае само неколку дена, кај некои пациенти може да има тежот и сериозен тек ,кој налага сместување во болница. Грипот може да премине и во воспаление на белите дробови и до смрт.

Вирусните групи (инфлуенци) се делат на три типа: A, Б и Ц. Типовите А и Б се одговорни за епидемија на болест која се јавува во периодот на скоро секоја зима. Вируси од типот А претставуваат највируленти хумани патогени и предизвикуваат најчести и најтешки болести кај луѓето. Бавната мутација на вирусот од типот Б , пропратена со мал број на преносители, спречува пандемија на група од типот Б. Типот Ц, предизвикува поумерена и несимптоматска болест.Не предизвикува епидемија и нема значително влијание на јавното здравје..

Геномот на вирусната група на типот А содржи 11 гена кои кодираат синтеза на 11 генски производи(протеини), од кои најважни се хемаглутин (HA) и неурамидаза (NA). HA и NA се наоѓаат на надворешната страна на вирусните единици: HA учествува во спојување на вирусот со целната клетка на слузницата на дишните патишта и кај навлегувањето на вирусниот геном во таа клетка, додека e NA е задолжена за испуштање на вирусната содржина од заразените клетки и ширење на заразата кај здрави незаразени клетки и лица. HA и NA се и антигени против кои организмот развива антитела (важно за развој на имунитет и вакцини), тие се целно место на делување на антивирусните лекови, а исто служат и како основа за серолошка класификација на подтипови и соеви на вирусот од типот А (постојат  16 H и 9 N познати подтипови , но само Н 1, 2 i 3, односно N 1 и 2 забележано кај луѓе).

Соевите кои лесно се пренесуваат меѓу луѓето (нпр. H1N1) поседуваат  HA која се врзува на клетките на слузницата на горните дишни патишта на системот за дишење, како што се нос, грло или уста. Од друга страна , вирулентен и високо смртоносен сој (нпр. H5N1 сој тнр. птичји грип) се врзува за клетките кои се наоѓаат подлабоко , во белите дробови. Оваа разлика според местото на навлегување на вирусот, е делумно одговорна за фактот дека H5N1 сој предизвикува тешка форма на болеста со вирусно воспаление на белите дробови (кое потешко се пренесува), додека  H1N1 предизвикуваат полесен облик на болеста (кој брзо и лесно се пренесува по пат на кашлање и кивање).

Вирусите на грип постојано мутираат и се менуваат, што оневозможува „старите“ антитела , стекнати при претходна прележана инфекција како резултат на одбранбениот имун одговор на организмот, во потполност да ги препознаат  „новите“ (мутирани) вируси , и да делуваат против нив. Од тоа следува дека една иста личност може да заболи од грип и повеќе пати. Како и да е, старите антитела овозможуваат само краткотрајна, и делумна заштита од повторна инфекција од вирусната група.

Моментално три различни типови на вирусни групи, кружат низ светот: два тип A и еден вирус од типот Б. Со цел да се спречи болеста, секоја година се применува нов вид на вакцина која содржи соеви од оние типови на вируси за кои се очекува дека може да предизвикаат епидемија во текот на таа година.

Што е сезона на грип?

Грипот секоја година се шири епидемиски. Секоја година 3 до 5 милиони луѓе сериозно заболуваат од грип, од кои 250.000 до 500.000 луѓе умираат. Во северните и јужните делови на планетата, епидемиите, обично се случуваат во зимскиот период (сезонски грип), додека во областите околу екваторот епидемија може да се развие во било кое годишно време.

Епидемиите од поширок размер, кои ги преминуваат границите на континентите  и кои се познати како пандемии, стануваат почести. Во 20. век дошло до појава на 3 пандемиски грипа:  шпанскиот грип од 1918. година (тип A/H1N1), азиски грип од  1958. година (тип А/H2N2), хонгконгоски грип од  1968. година ( тип A/H3N2), и секој од нив го одзеде животот  на повеќе од милион жртви. Епидемија тнр.свински грип (тип A/H1N1) 2009. година исто така прерасна во пандемија (освен луѓе заболуваат и животни; епидемиите кај свињи се вообичаена појава, а птиците се сметаат за основни животински резервоари на повеќе типови вирусни грипа).

Вкупниот број на починати во пандемија во периодот  1918–1919. година  не е познат, но се проценува на повеќе од  20 милиони луѓе (приближно 2,5-5% од вкупниот број на тогашната целокупна светска популација). Модерниот начин на живот и динамиката на движење на луѓето допринесуваат брзо ширење на вирусите и лесно пренесување на континенталните граници. Една научна студија проценила дека во денешно време , една пандемија од грип , предизвикана од соеви на високо вирулентни вируси – слична на таа од  1918. година, може да предизвика смрт на  50 до 80 милиони луѓе.

Кои лица имаат поголем ризик од заболување од грип?

Лицата кои имаат зголемен ризик од заболување од грип, односно лицата кај кои постои ризик грипот да доведе до компликација која може да се развие во сериозна и опасна болест, ги нарекуваме високо ризични лица. Кај таквата група на пациенти се препорачува вакцинација против грип, со што би го зајакнале својот имунитет и со тоа значително би го намалиле ризикот од развивање на сериозна компликација или смртоносен резултат на болеста. Смртоносен резултат од грип , најчесто се јавува кај деца (нивниот одбрамбен систем е недоволно развиен) и кај млади и повозрасни пациенти со други здравствени проблеми.

Како се дијагностицира грип?

Дијагнозата на грип , се поставува врз основа на водечките симптоми и знаци во текот на епидемијата . Со оглед на тоа дека симптомите на грип, може да ги имитираат симптомите на други болести, секогаш е добро да се обратите на доктор. Вирусната инфекција може да се потврди со анализа на примерок од грло , плунка или нос. Постојат повеќе тестови врз чија основа брзо може да се потврди присуство на вирусот. Сепак инфекција може да биде присутна иако резултаите од анализата се негативни.Полимеразна синџир реакција  (PCR) која ја детектира рибонуклеинската киселина на вирусот , претставува метод со поголема прецизност.

Компликација на грип

Последиците од делувањето на вирусот на грип  , се посериозни и траат подолго од оние кои ги предизвикува вирусот на настинка. Во секој случај, поголемиот дел од заболените од грип, оздравуваат во целост после една до две недели. Меѓутоа , помал број од заболените , на прво место пациентите постари од  50 години, трудниците и мали деца , како и групата на пациенти кои имаат хронична болест или слаб имунитет, се подложни на компликација од грип. Комликациите може да предизвикаат вирусно воспаление на белите дробови и/или бронхиите, секундарна бактериска инфекција на бели дробови, инфекција на синуси и уво… Грипот може да ги влоши претходно присутните здравствени проблеми , особено оние кои се во поврзаност со ситемот за дишење и срце, како што се на пр. астма,емфизем,хроничен бронхитис,ангина пекторис,затајување на работата на срцето. Пушачите почесто заболуваат од грип и се подложни на компликации во текот на болеста и на поголема смртност од грип.

Во некои случаеви автоимуна реакција пропратена со инфекција од вирусот на грип , може да предизвикаат развој на компликација како што е на пр. Guillain-Barréov синдром (губење на рефлекси и парализа на целото тело, која првично започнува во делот на нозете, а потоа се шири на горните делови и лицето). Се смета дека овој синдром е и ретка несакана појава на вакцината против грип.