Колку е ефикасна вакцината против грип?
Во северните и јужни делови на планетата епидемиите на грип обично се случуваат сезонски, во зимскиот период. Поради тоа зимата во северната и јужна хемисфера доаѓа во различни периоди во календарската година, со што секоја година постојат и две различни сезони на грип. Поради тоа СЗО (со помош на националните центри за грип) секоја година прават проценки која врста на вируси на грип ќе бидат најверојатните предизвикувачи на епидемијата во наредната година и даваат препорака за две различни формулации: една за северна, а друга за јужна хемисфера.
Тоа овозможува на фармацевтските компании да врз основа на предвидените врсти на вируси да развиваат формулации на вакцини кои што би требало да обезбедат најголема специфичност и најдобар имунитет против специфичните врсти на вируси. Така да ефикасноста на вакцините зависи од степенот на сличноста помеѓу предвидената врста на вирус користена за справување и активната врста на вирус на грип присутен во популацијата во активната сезона на грип. Поради високиот степен на мутации на вирусот на грип, одредена вакцина обично не обезбедува заштита подолго од една или две години.
Врстите на вакцините мораат да се одберат 9-10 месеци пред активната сезона на грип (на произведителот му требаат 6 месеци да формулираат и произведат доволен број на вакцини), а во меѓувреме може да дојде до мутација на одбраната врста на вирус во природниот циклус или пак до развој на нови видови, со што се намалува ефикасноста на вакцината. Затоа ефикасноста на вакцината против грип варира од година во година. Доколку се случи тоа, имаме намалување на способноста на антителата чие што создавање во организмот е поттикнато со вакцинална врста на инактивиран вирус кој неодамна мутирал.
Со оглед да после примена вакцина е потребно околу две седмици за да почне да делува (време потребно за создавање на специфични антитела) можно е да дојде до зараза пред самата вакцинација, при што се заболува од врстата која што би требало да бидеме заштитени од вакцината.
Исто така, ефикасноста на вакцината може да варира од една до друга особа зависно од факторите како што се старосна доба, здравствена состојба итн. Се смета дека исплатливоста на сезонската вакцина е најголема кај деца и стари особи. Кај здрави особи вакцината има скромен ефект во намалување на симптомите.
Кај кого се препорачува вакцинација против грип?
Се препорачува секоја година кај високоризични особи, стари или болни лица, поради што може да дојде до компликации кои може да преминат во развивање на опасна болест. Секако тоа се прави после консултација со лекар, за со цел таквите особи да го зајакнат имунитетот и да го намалат ризикот од развивање на сериозен, тежок облик на болест со компликации или смртна болест. Тоа се:
- особи постари од 50 години,
- деца и адолесценти,
- лица во старечки домови ,
- возрасни и деца со хронична болест на срцето и крвните садови, болести на респираторниот систем, вклучувајќи и деца со астма,
- возрасни и деца со следните медицински состојби:
- хронични метаболочки болести (на пр. шеќерна болест)
- бубрежни болести
- употреба на лекови или пак болести кои доведуваат до опаѓање на имунитетот
- болести на крвта, од кои најчесто е пореметување на хемоглобинот (хемоглобинопатија)
- деца и адолесценти на долготрајна терапија на ацетилсалицилна киселина
- жени кои очекуваат бременост во текот на сезоната на грип.
Дополнително вакцинација се препорачува и за:
- здравствени работници,
- вработени во старечки домови или слични установи,
- даватели на услуги на домашна нега на високоризични особи
- луѓето во домот на високоризични особи,
- сите лица кои сакаат да ги намалат шансите од заболување од грип, исклучувајќи ги лицата алергични на јајца.
Најопасен негативен ефект од вакцинацијата се алергиските реакции на самиот вирусен материјал или остатоци од јајца користени за примерок на вакциналната врста на вирус.