Митови во врска со грипот и настинката

Многу од нас пораснале со домашни рецепти за настинка, кои се пренесувале со генерации од колено на  колено, или пак имаме некои сопствени рецепти и начини кој сме ги смислиле во борбата против настинката и грип.

Сето тоа сме го пробале – или барем сме виделе дека другите го прават: на пример, сме се покривале со додатни ќебиња со што ” не сме сигурни дали ја храниме / огладнуваме температурата” . Или пак ја држиме главата во корито со врела вода која има пареа, а со тоа се потиме и ја истеруваме настинката.

Со примена на горенаведеното,  често нема никаков ефект, но сепак се само доведува до привремено олеснување на симптомите. Гледано долгорочно, може само да се продолжи само времето на опоравување.

Таквите митови и погрешни сваќања се вообичаени кај настинката и грипот. А најдобар начин за да се заштитите од насинката и грипот е да ги знаете фактите, а не митовите.

И секако, често мијте ги рацете!

 

    Алкохолот е добар лек  за лечење на грип и настинка. НЕ Е ТОЧНО!

    Тоа едноставно не е точно. Овој вообичаен мит се заснова на сваќањето да алкохолот може да го уништи грипот или настинката, па со тоа некои особи додаваат по чашка жесток пијалок во чајеви и други напитоци. Меѓутоа, кога алкохолот ќе влезе во Вашето тело, се апсорбира низ стомакот и гастроинтестиналниот тракт, а не преку горните респираторни патишта каде што се наоѓаат вирусите. Поради што не доаѓа до директен контакт со вирусот, шансите за внесениот алкохол да биде делотворен се мали.

    Не само што алкохолот не влијае во уништувањето на грипот и настинката туку може и да предизвика негативни ефекти кои можат да ги влошат симптомите на настинка и грип. Алкохолот го дехидрира организмот и со тоа ги успорува другите телесни реакции и го ослабнува имунитетот. Покрај тоа, алкохолот може да предизвика сериозни компликации доколку се конзумира во исто време со други одредени лекови. Во секој случај кога сте болни избегнувајте алкохолни пијалоци.

    Пилешка супа е добар лек за лечење на настинка и грип. НЕ Е ТОЧНО!

    Пилешката супа веројатно е најчесто користениот домашен народен лек за лечење на настинка и грип, но дали е делотворна во третирање на симптомите на грип и настинка?

    Како и кај многи топли напитоци кои не содржат кофеин, вдишување на пареата може да ја олесни затнатоста на носот.  Големи количини на течности може да спречат дехидрирање. Некои тврдат дека пилешката супа може да го намали воспалението поради  лабараториските  истражувања кој укажуваат дека  има противвоспалителни својства. Не е познато дали во вистински услови ова влијае на настинката. Едно истражување покажува дека пилешката супа содржи аминокиселина цистеинкоја во супата се ослободува преку приготвување на пилешкото месо. Оваа аминокиселина е по состав слична на ацетилцистеин, супстанција која се наоѓа во лековите кои се употребуваат против кашлица, а чија цел е да ја разложи слузта во носот и грлото со што го олеснува дишењето. Најверојатно, пилешката супа во комбинација со лук и бибер, може да ја зајакне особата во време на намален апетит во тек на настинка и грип.

    Сепак, конзумирањето на големи количини  солени пилешки супи (поради големи количини на соли – натриум), може да ги влоши симптомите на настинка и грип поради што доведува до хипернатриемија (зголемено ниво на натриум), а хипернатриемијата води до дехидрирање на организмот. Дехидратацијата е состојба која се јавува кога организмот губи големи количини на вода со што доаѓа до пореметување на рамнотежата на минералите во телесните течности. Дехидратацијата е неприродна состојба во која клетките во телото се лишени од адекватна количина на вода. Една од најважните работи при грип и настинка е да се пази да не се дехидрира. Добра хидратација помага при разблажување на слузта и ги олеснува симптомите на затнати дишни патишта.

    Вакцинација против грип може да предизвика грип. НЕ Е ТОЧНО!

    Голем мит. Постои заблуда  дека може да се добие грип од вакцина против грип поради тоа што вакцините против грип содржат инактивиран вирус на грипот.

    Всушност, вакцината против грип се прави од мртов или убиен вирус на грипот, при што не е можно да се добие грип од примена на такви вакцини.

    Меѓутоа, вакцината може да поттикне имуна рекација на Вашето тело, така да може да дојде до развој на благи симптоми кои траат до 1 или 2 дена. Не се сериозни, а се пропратени со болка, црвенило, оток на местото на примање на вакцината, благо покачена температура и благи болки во мускулите.

    Важно е да се напомене да вирусите се менуваат секоја година, така да секоја година треба да се прима вакцина со цел да се спречи развој на сезонски грип. Исто така, вакцината против грип не гарантира дека сте 100% заштитени, при што може да се заразите со врста на вирус кој не е опфатен со вакцинацијата.

    Хранење на настинката или огладнување на температурата. НЕ Е ТОЧНО!

    Дали треба да ја нахраниме настинката или пак да ја огладнеме температурата? Или пак обратно. Дали треба да ја нахраниме температурата, а  да ја огладнеме настинката?

    Што и да сте чуле од ова, добра вест е дека оваа реченица е мит: огладнувањето никогаш не може да биде добар начин на лечење на настинката и грипот, поради што намален внес на калории предизвикува стрес за имунитетот, а внесот на калории го подобрува имунитетот.

    Она што  е добро да се направи е кога боледувате од настинка и грип треба да внесувате доста течности и да јадете храна богата со цинк и антиоксиданси како што се бета-каротен, витамин Ц и Е.

    Храна богата со цинк вклучува јајца, месо, јаткасти плодови, морски плодови, семки, житарици, а додека во антиоксиданси влегува овошјето кое е со светла и темнозелена боја. И многу е важно да пиете поголема количина на течности.

     

    Антибиотиците може да ги излечат грипот и настинката. НЕ Е ТОЧНО!

    Не, ни тоа не е точно. Многу луѓе сеуште мислат дека антибиотиците користат при грип и настинки.

    Во студијата на Оксфодското списаније за клиничка инфектологија многу пациенти сакале да земаат антибиотици кај состојби кои се предизвикани од вируси , како што се грип, болки во грлото, кашлица и болка во увото.

    Настинката и грипот се предизвикани од вируси, а антибиотиците не помагаат, поради што тие не делуваат против вируси. Антибиотиците се делотворни единствено против инфекции предизвикани од бактерии.

    Според тоа, примена на антибиотици против вирусни инфекции може повеќе да штети отколку да има корист од тоа – примена на антибиотик кога тоа не е потребно и кога тоа не може да ја излечи болеста се зголемува ризикот за  резистенција на инфекцијата. Некритичка и нерационална примена на антибиотици кај вирусни инфекции може да има тешки последици.

    Антибиотиците можат да се користат во лечење на бактериска инфекција која понекогаш може да настане како секундарна последица на вирусната инфекција, но не се делотворни против самата вирусна инфекција.

    Со тоа, ако сте настинти или сте во грипозна состојба, не земајте антибиотик, особено не “на своја рака” т.н без препорака на лекар.

    Ладно време може да предизвика настинка и грип. НЕ Е ТОЧНО!

    Не! Секој од нас го предупредувале да не излегуваме надвор со мокра коса или пак без јакна поради тоа што сме можеле да настинеме. Самата идеја дека може да се настине ако се изложиме на ладно или влажно време е најраспространета и најчест мит за настинката и грипот.

    Дури и називот “настинка” покажува на ова погрешно сваќање. Вирусите се единствени предизвикувачи на настинката и грипот. Тогаш како ќе ја објаснеме поголемата присутност на настинката и грипот за време на влажно и ладно време?

    Државниот институт за алергија и инфективни болести на САД, тврди дека тоа може да се поврзи со почетокот на школската година, со фактот што преку зимскиот период поголем дел од времето се поминува во затворени простории каде што се поминува времето заедно со други луѓе. Двата споменати фактори ја зголемуваат можноста од ширење на вирусот меѓу луѓето.

    Најдобар начин за да се избегне зараза е да се ограничи контакт со заразени особи, да не се допираат очите и усните, често миење на рацете (особено во тек на сезона на грип), чистење на површините со дезинфекциони средства бидејќи можат да бидат контаминирани со вируси.