Лековите без лекарски рецепт , лекови во слободна продажба (OTC) за настинка и грип (вклучувајки орални препарати и капки за нос) ги содржат следните компоненти:
- назални деконгестиви (псеудоефедрин, ефедрин, фенилефрин, оксиметазолин и ксилометазолин),
- антихистаминици (дифенхидрамин, хлорфенамин, бромофенирамин, прометазин, триптолидини и доксиламин),
- антитусици (декстрометорфан и фолкодин),
- експекторанси (гуаифенисин и ипекакуана),
- аналгетици и антипиретици (парацетамол, ибупрофен…).
И покрај фактот да тие лекови се даваат веќе долги години, не постојат јасни докази дека тие се ефикасни и сигурни кај деца под 6 години. Во време кога многу препарати без рецепт се одобрени за продажба се претпоставува да тие лекови делуваат на исти начин како и кај деца така и кај возрасни, а дозирањето кај децата се утврдувало спрема дозирањето кај возрасните. Покрај тоа не се правени клинички студии на децата за сите тие лекови. Меѓутоа, сега знаеме дека децата не се само “мали возрасни луѓе” и се работи на осмислување на лекови кои би одговарале кај деца и се тестирани за нив.
Многу фармацевти сметаат дека проблемот околу сигурноста за примена на производите за лекување на грип и настинка кај деца под 6 години претставува пречеста, неоправдана и неадекватна примена на лекот, која вклучува и погрешно дозирање. Често доаѓа до забуна (поради презаситеноста на пазарот) во примена на производите кај мали деца, а се наменети за поголеми деца, итн.
После анализите сите достапни показатели, актуелни стручни препораки наведуваат дека односот ризик и корист е неповолен за деца под 6 годишна возраст. Поради овие критериуми, децата под 2 годишна возраст се изложуваат на дополнителен ризик од несаканите ефекти на лековите, особено доколку дојде до предозирање. Поради тоа овие лекови не треба да се даваат кај деца под 2 годишна возраст. Ризикот од несакани ефекти е помал кај повозрасни деца, поради што се потешки, помалку пати годишно претрпуваат грип и настинка, како и може да кажат дали лекот делува или не. телесната тежина може да влијае на делувањето на лекот поради што телесната тежина кај некој деца помеѓу 2 и 6 годишна возраст може да биде иста како и кај други деца кои се помлади од 2 години.
Rhinostop® сируп е наменет за примена само кај возрасни и деца над 6 годишна возраст.
Под претпоставка дека на детето му е дадена дозата која е препорачана во пакувањето, нема простор за загриженост. Но, доколку сте загрижени за состојбата на вашето дете, потребно е да го контактирате одговорниот здравствен работник. Потребно е да направите проверка на лековите кои ги имате во вашата домашна аптека и да утврдите кои од нив , вас повеќе не ви се потребни. Можете да ги однесите во било која аптека каде ге бидат адекватно подредени и испратени на уништување.
Настинката е состојба која е временски ограничена сама по себе , и обично симптомите исчезнуваат после одреден временски период. Помагаат и едноставни мерки како што конзумирање на повеќе течности и адекватен одмор. Исто може да се користи Парацетамол , со што кај детето би се намалила покачената телесна температура. За мали бебиња особено ноие кои имаат проблем со исхраната, постојат физиолошки капки за нос, кои помагаат, да се разводни и исфрли носниот секрет. Ако вашето дете е поголемо од една година, топла напивка од лимон и мед , исто може до одреден степен да ја ублажи кашлицата.
Ако вашето дете и после 5 дена не се чувствува подобро, обратете се на доктор за совет.
Стандардите по кој се прават клиничките студии се многу построги за разлика од порано со кои што се третирале производите против грип и настинка. Нема значајни ризици во поглед на примената на лековите доколку се почитуваат упатствата во врска со дозата. Поедни производители посветуваат посебно внимание на создавање на активните компоненти да бидат со најповолен однос на ризик и корист на пациентот. Во поглед на составот и режимот на дозирање, Rhinostop® е меѓу првите производители на пазарот во БиХ кој е пролагоден спрема најновите светски стандарди во лечење на настинката и грипот, со најнови препораки од страна на најреспектабилните регулаторни агенции за лекови и медицински помагала во светот. Со цел да се намали ризикот за потенцијални злоупотреби во производство на метамфетамин, дозата на псеудоефедрин во Rhinostop® е оптимизирана на 61,5 mg во една таблета. За да се намали ризикот на неконтролирана и пречеста употреба на поголеми дози на парацетамол кои можат да доведат до оштетување на црниот дроб, дозата на парацетамолот во Rhinostop® е оптимизирана на 251 mg парацетамол во една таблета. Во таа смисла, примената на Rhinostop® може да се смета за сигурна во однос на другите производи кои содржат поголема количина на псеудоефедрин или парацетамол (на пр. 500 или 1.000 mg во едно пакување).
Лековите кои се користат во лечење на симптомите на грип и настинка најчесто содржат активни состојки кои подобруваат проодност во носот такашто ја намалуваат отеченоста на носната слузница. Тие состојки се наречени деконгестиви. Од една страна, тие помагаат за смалување на неудобните симптоми кои потекнуваат од затнатоста на носот, создаваат нервоза и отежнуваат извршување на секојдневните активности. На тој начин тие состојки кај пациент со симптоми на грип и настинка го подобруваат квалитетот на животот. Но, од друга страна деконгестивите делуваат на покачување на крвниот притисок поради што влијаат на стенсување на крвните садови. Поради тоа, генерално, примена на лекови за ублажување на симптомите на грип и настинка не се препорачува кај особи со покачен крвен притисок.
Rhinostop® е најдобро да се земе веднаш штом ги осетите првите симптоми на грип и настинка, а тоа најчесто се пецкање или црвенило на грлото, омалаксаност, замор, покачена температуте (може, а и не мора да биде присутна). Rhinostop® најдобро ќе делува кога ќе се земе во време на споменатите симптоми, поради што тогаш делувањето на активните состојки најмногу ќе дојде до израз. Затоа велиме: „Земете Rhinostop® на време“.
Rhinostop® сируп има карактеристичен мирис на малина и е со пријатен вкус. Меѓутоа со оглед на тоа дека не содржи екстракт од малина, Rhinostop® сируп може да се применува кај лица кои имаат докажана алергија на шумско овошје.