Алтернативни третмани против настинка и грип

Некои фармацевтски производи/лекови можат да спречат и да го скратат траењето на грипот и/или значајно да ги на,алат симптомите, а некој од нив, како  Rhinostop®, истовремено делуваат на повеќе од 10 различни симптоми и знакови на грипот и настинката.

Иако постојат бројни алтернативи за лечење на настинката, не постојат доволно научно потврдени докази со цел за  тие да се применуваат во поголем број терапии или третмани. Подоле се наведени некои од нив, а во случај да посакате да ги примените, не заборавајте да секогаш се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт.

    Ehinacea

    Ехинацеа е растителен додаток на исхрана за кој се смета дека го појачува имунитетот и така помага во борба против инфекциите. Меѓутоа, не е во потполност јасно дали тоа појачување влијае против настинка. Поголем број истражувања докажуваат да ехинацеата не помага во превенција или лечење на настинката, додека помал број истражувања сугерираат дека можат да го скратат траењето на симптомите за еден ден. Доколку имате уште некои здравствени проблеmи или користите некои лекови, прoверете со својот лекар пред да почнете да применувате било каков додаток на исхрана.

    Цинк

    Според некои студии, може да се заклучи дека цинкот постигнува резултати во борбата против вирусите, како што е вирусот на настинката. Одредени докази укажуваат на тоа да цинкот може да спречи формирање на одредени протеини со кој вирусот кај настинката би се размножувал. Според други студии цинкот не помага кај настинка и грип, туку само го скратува траењето на симптомите на грип и намалување на симптомите на настинка, ако се почне со примена по првите 24 часа од првите симптоми. Поради големите разлики во истражувањата потребно е да се направат дополнителни испитувања, со што би се потврдило кога и како цинкот можа да е делотворен. Со оглед што пастилите на база на цинк можат да дадат многу несакани ефекти, не постојат силни причини поради кои лекарите би препорачувале и цинк во терапијата на настинка. Американската агенција за храна и лекови (FDA) не препорачува користење на призводи за нос на база на цинк кои се користат кај настинката поради што постојат докази за трајно губење на осетот за мирис.

    Витамин Ц

    Силината на Витамин Ц во борба против грип и настинка сеуште не е потврдена. После детални истражувања утврден е разочарувачки ефект на витамин Ц врз симптомите на настинка и грип. Докажано е редовна примена на витамин Ц не го намалува ризикот од развој на болести, ниту пак влијае на силината на настинката освен во специфични околности; поточно, испитаниците изложени на голем физички напор и ладно време кој  земале витамин Ц имале 50% помали шанси да настинат. Се смета дека 2000мг е оптимална доза која би влијаела на настинката, но со оваа доза ќе има стомачни тегоби, а кај некои може да предизвика и камен во бубрег.

    Врел чај

    Пиење на врел чај помага во спречување на дехидратација на организот. Вдишување на пареа може да ја ублажи затнатоста на носот, а навлажнување на слузницата на грлото може да го намали чувството на надразливост и гребење во грлото. Црн и зелен чај се најприкладни поради што содржат безброј антиоксиданси кои можат да помогнат во борба против настинката. Не е паметно да се пие црн чај пред спиење поради што може да предизвика несоница.

    Бел лук

    Белиот лук долго време се смета дека е едно од најдобрите средства во борбата против бацилите. Една студија има покажано да додатоците на исхрана на база на бел лук можат да помогнат во спречување на настинка, но само ако се земаат секојдневно. Секако, потребно е да се направат уште истражувања за да се докажат вистинските ефекти на белиот лук. Во секој случај, со бел лук можат да се зачинат оброците кога на Вам поради затнатост на носот, пореметено е чувството за вкус и мирис и се што јадете Ви се чини блуткаво.

    Навлажнувач на воздух

    Вдишување на пареи наводно можат да ја олеснат затнатоста на дишните патишта во носот, иако нема научни докази дека инхалација на топол или влажен воздух се ефикасни во лечење на настинка. Со цел да осигурате големи количини на пареа, користете собен навлажнувач на воздух, или пак наједноставно може да седите во купатило со затворена врата и пуштена врела вода.

    Капки со физиолошки раствор за нос

    Капнување или распрснување на физиолошки раствор (0,9%) во нос може да го разблажи носниот секрет/слуз , кои преку потта полесно се отстранува што и ја намалува затнатоста на  носот. Пробајте со физиолошки раствор во вид на капки кои се во слободна продажба по аптеките или пак сами направете ги дома така што ќе ставите една кафена лажица сол на литар чиста, обична вода. Грубо, тоа претставува 1% раствор на кујнска сол во вода. Со помош на вакум пумпица вбризгајте го растворот во едната ноздра додека другата држете ја затворена. Тоа треба да се повтори 2-3 пати, а потоа истото да се направи и со другата ноздра.

    Масти на база на ментол

    Кога со денови го бришете и дувате носот, кожната носница се воспалува и надразнува. Едноставно решение е блага масажа со маст на база на ментол под носот (никако внатре), на прстите или грлото. Ментолот содржи благ анестезирчки агенс кој ја отстранува болката на надразнетата кожа. Уште една корисна работа од  овие масти, е да вдишување на пареа која содржи ментол или камфор може да го олесни кашлањето или да го отпушти затнатиот нос. Се употребува исклучиво кај деца над две годишна возраст.

    Испирање на грло со солена вода

    Кога постои болка во грлото традиционално се употребува испирање на грлото со солена вода кое може да биде корисно. Правење гаргара со топла вода во која е додадена лажичка сол, четири пати дневно, може да помогне да се навлажни сувото грло.

    Фластери за нос

    Со цел да се олесни затнатоста на носот во текот на ноќта, може да се проба и со фластери за нос кои се наоѓаат во слободна продажба. Овие фластери се се аплицираат под носот со цел да се олесни дишењето преку отварање на дишните патишта. Иако не можат  целосно да го одзатнат носот, сепак можат да направат доволно простор за полесно дишење.

    Зголемена телесна температура

    Зголемена телесна температура е природен одговор на организам кој се бори со настинка и грип така што организмот прави околина која не е погодна за бацилите. Меѓутоа, акона Вас покачената телесна температура создава проблеми и неугодности може да примените соодветен препарат против температура ( на пр. парацетамол, поради што кај деца не смеат да се применуваат препарати со ацетилцистеинска киселина). Исто така, мора да пазите да не дехидрирате. Веднаш обратете се кај својот лекар доколку температурата премине над 40 oC, освен ако не ја смалите брзо преку одредени  третмани. Кај новороденчиња помлади од 3 месеци, веднаш обратете се кај лекар доколку температурат премине 38 oC.  Зголемена телесна температура која не преминува  38,8 oC  кај деца обично не треба да се смалува освен ако се чувствува неудобност.

    Одмор во кревет

    Со оглед дека сите имаме полно обврски, голем број од нас никако не сака да помине ден или два во кревет. Меѓутоа, одморот ја штеди енергијата на организмот при што може да се пренасочи во борба против бацилите. Многу е важно и да не излегувате претерано на ладно, при што најдобро е да одмарате во кревет и да им ја олесните борбата на клетките од Вашиот имун систем која ја водат за Вашето здравје.