Кашлицата не е само корисен рефлекс со кое телото ги прочистува нашите дишни патишта од страни и надразнувачки фактори како прашина, дим, полен, слуз, ладен воздух итн., но е и симптом н разноразни болести како што е настинката. Тоа е вродена карактеристика. Славниот велшки пејач Џорџ Херберт рекол: “Љубовта и кашлицата никогаш не можеш да ги сокриеш”. Затоа откриваме неколку занимливости во врска со кашлицата.
Прозевање или кашлица? Укажува на тоа дека е приметено како театарската претстава дава знак доколку сцените се досадни, а додека публика која се воздржува од кашлица укажува да се покажани добри глумечки вештини и интересна претстава. Бенџамин Френклин, еден од основачите на САД, рекол: ” Уметноста на глумата се состои од тоа да ја спречите публиката да кашла”.
А-ха! Кашлица: не е секогаш несвесна, ја користиме свесно, намерно во различни ситуации. Кашлицата има свој друштвени поводи, како на пр. накашлување пред говор. Да се накашлаш со цел да скренеш внимание е вообичаен, препознатлив дел на секојдневната комуникација секој пат кога некој ќе каже нешто неточно или апсурдно. Кашлицата се користи и за попуштање на психичката напнатост. Во таквиот случај кашлицата се развива како еден од многубројните механизми на одбрана, дури и до степен на заменско однесување. Предизвикувач на кашлица може да биде и од психичко потекло. Може да се кашла и од навика и да прерасне во т.н “тик кашлање”. До кашлање може да дојде и поради невролошки пореметувања на пр. како принудна реакција кај т.н Тоуретегов синдром.
Експлозивна природа на кашлица! Научниците откриле дека просечна човечка кашлица исфрлува воздух доволен да наполни до 75% дволитарско шише т.е 1,5 литар. Овој воздух, кои буквално излегува од белите дробови, надвор од телото може да премине пат од неколку метри со брзина од 80 km/h.
Културно кашлање! Прекривање на устата при кашлица или кивање не се само бабски приказни, ниту пак бон тон. Навиката на прекривање на устата или носот е општа здравствена состојба.. Со кашлицата се отстрануваат неколку илјади ситни капки од плунковиот и други секрети од респираторниот ситем – со едно накашлување може да се отстранат околу 3000 капки. На овој начин се шират голем број на заразни болести, како што се грипот и настинката. штом со едно накашлување се отстрануваат околу 20000 вируси, тоа е доволно за да се заразат многу луѓе , посебно оние кои што не се фасцинирани од претходно наведените навики.
Настинати лица би требало да киваат или кашлаат во марамчиња за еднократна употреба, и потоа веднаш да ги измијат рацете. Ставање на рацете на устата се смета за непримерно понашање поради што потоа ќе се ракува со друга особа со што доаѓа до распространување на бацили. Во случај да нема марамици кај себе, устата треба да се прекрие со подлактицата или внатрешниот дел на лактот.
Силната кашлица може да биде опасна! Дали некогаш сте приметиле како од кашлицата која трае во континуитет неколку саати или денови, доаѓа до главоболка, умор, болки во прстите и нозете? Дури и се случува да силината на кашлицата ја премине способноста на надворешните сфинктери, па не сме во можност да ја задржиме мокрачата или столицата. Сето ова е резултат на високиот притисок ( до 300 mm/Hg) кои преку респираторните патишта протиснува воздух со брзина и до 800 км на час. Овој огромен притисок и експлозивна брзина на воздухот при кашлицата се корисни за отстранување на надразнувачките фактори и вишокот на слуз од респираторните патишта, но во исто време можат да предизвикаат и компликации. Кај некои особи со ниска густина на коските може да дојде и до свиткување на реброто. со кашлање може да дојде и до пукање на дијафрагмалните мускули кои ги користиме за дишење. Силна кашлица може да доведе до субконјуктивално крварење во окото или до пукање на капиларите во носот или во анусот. Кашлицата може да доведе и до пукање на белодробните меури, што доведува до стомачна или карлична хернијација на делови од цревата.
Кашлањето може да биде громогласно! Измерена е кашлица со јачина од 90 dB, што е погласно од звукот на сообраќајната гужва. Тоа е јачина на подземна железница или звукот кој го создава Боинг 737 при слетување.
Како се лекувало кашлањето пред 100 години? Верувале или не, при крајот на 19 и почетокот на 20 век лековите за кашлица содржеле хероин, наркотички супстанции некоку пати појаки од морфиум. Една од најголемите фармацевтски компании на светот, создаде богатство произведувајќи и продавајќи ширум светот свој Heroin® како лек за кашлица, настинка, бронхитис и иритација? Активната маркетиншка кампања го огласувала Heroin® како безрецептен лек за деца и возрасни во слободна продажба препорачувајќи го за смирување на кашлица без потенцијал на развивање на зависност. За среќа, реагирано е на оваа сериозна закана за здравјето на населението, па така од 1914 година, американската Управа за храна и лекови (ФДА) во потполност го забранила неговото користење. И денеска се применуваат некои лекови против кашлица кои содржат кодеин или декстроморфан(суптанции кои предизвикуваат зависност), па потребно е да се пратат знаците на можна зависност особено кај тинејџери.
Како е можно тоа? Иако се смета дека пиење на врело кафе или туширање со врела вода е делотворно против кашлица, постојат и многу бизарни решенија за кашлицата: ставање на влажна крпа на врат, ставање на коцки мраз во уста, масажа со крема на база на ментол по стапалата и др.
Жирафите се имуни на кашлица? Не е целосно јасно поради што жирафите никогаш не кашлаат, Постојат одредени теории за тоа структурата на нивните бели дробови, неопходни за предизвикување на кашлица, се наоѓаат многу длабоко под нивното и онака долго грло. Од друга страна, некои сметаат дека жирафите кашлаат, но човековото уво тој звук не може да го распознае. Меѓутоа, познато е дека жирафите мажјаци испуштаат звукови слични на кашлица кога се додворуваат на женката.
Предизвикувач на секоја кашлица не е инфекција! Распространето е мислењето дека секоја кашлица е инфективна, а да секоја долготрајна кашлица е туберкулоза. Ова не е точно, поради што инфекциите не се единствен предизвикувач на кашлица. Кашлица од неинфективно потекло се јавува како симптом и кај други болести, како гастроезофагиеален рефлукс, астма, бронхитис, хронична опструктивна болест на белите дробови ( често се јавува кај долгогодишни пушачи), професионални болести како што е пнеумокониоза, проширени респираторни патишта, цистична фиброза на белите дробови, белодробна емболија, инфаркт на бели дробови, интерстицијска белодробна болест ( промени во ткивото помеѓу вреќичката од воздух во белите дробови – создавање сврзно ткиво), саркоидози, бенигни и малигни тумори на бели дробови и средоградието, загаден воздух, страни тела во респираторниот систем, болести на надворешен слушен канал анеуризма (проширена) аорта, како несакан ефект кај примена на некои лекови како што се АКЕ инхибитори (ангиотензин конвертирачки ензим), а познат е и т.н психогена кашлица која настанува како резултат на психички проблем.