Настинка (назофарингитис, ринофарингитис или акутна вироза) претставуваат заразна вирусна болест на горните дишни патишта. Во главно ја напаѓа слузницата , а основните симптоми вклучуваат болка во грлото, затнат нос или течење од нос, кивање и кашлање. Вирусот на настинка може да ги зафати и очите (конјујтивитис) и синуси (синуситис).Симптомите обично исчезнуваат во рок од 7 до 10 дена, иако некои од нив може да потраат и до 3 недели. Во однос на грипот,настинката претставува полесна болест.
Настинката е една од најчестите болести, која доведува до почесто посетување на доктор и отсуствување од училиште или работа отколку било која друга болест (на настинката отпаѓаат 40% отстуства од работа во САД). Настинката лесно се пренесува и шири. Според статистичките податоци, возрасни лица во просек настинуваат 2-4 пати годишно , а деца во колектив и до 12 пати годишно. Се проценува дека жителите во БиХ годишно вкупно имаат повеќе од 10 милиони настинки..
Настинката може да ја предизвикаат повеќе од 200 различни вируси , со способност да предивикаат воспаление на носот и грлото. Меѓу сите тие вируси поголемиот број од настинките ги предизвикуваат т.н. риновируси (30-80% случаеви) и коронавируси (околу 15%), аденовируси (5%) и ретко кумани вируси параинфлуенца,респираторен вирус, ентеровируси, метапнеумовируси… Вообичаено е присутен повеќе од еден вирус.
Што е сезона на настинки?
Наклонетоста кон настинки е поголема во текот на есента и зимата, од септември до март или април. Меѓутоа преовладува мислењето дека ладното време и преладувањето , предизвикуваат настинка, што сепак не е точно. Поголемата зачестеност на настинки во овој период , може да се каже дека се должи на тоа што , луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории, во близина едни на други. Ова е период и на училишна настава , што исто дополнително ја зголемува изложеноста на вируси. Исто и помалата изложеност на воздух , доведува до сушење на носната шуплина,што ги прави поосетливи на инфекции, а таквите околности се погодни за развој и ширење на вируси.
Кои лица имаат поголем ризик да заболат од настинка?
Поради незрелиот и неразвиен имунитет,вклучувајки го и блискиот контакт во училиштата и градинките , децата почесто заболуваат од настинка. Во текот на една година во просек секое дете настинува 6-10 пати (школските деца дури и до 12 пати во текот на учебната година), додека возрасни лица во просек заболуваат од настинка 2-4 пати годишно.
Лицата со слаб имунитет, лицата кои имаат недостаток на сон и потхранетост, се со поголем ризик поврзани со развивање на инфекција, после изложеноста на риновируси. Доењето го намалува ризикот од настанување на компликации како акутно воспаление на средното уво и инфекција на долните дишни патишта , па се препорачува со доењето да не се прекинува доколку новороденчето има настинка.
Како се дијагностицира настинка?
Дијагнозата на поголемиот број на настинки се поставува врз основните симптоми. Изолација на вируси кој ја предизвикува настинката се изведува многу ретко. Вообичаено не е можно според основните симптоми да се ореди за кој тип на вирус станува збор. Настинките може да наликуваат на некои бактериски инфекции, алергии, алергии и други медицински состојби, така што е добро да се консултирате со доктор.
Компликации во текот на настинката
Настинката вообичаено е поблага форма на болест , која престанува спонтано. Поголемиот дел од симптомите исчезнуваат во период од 7 дена. 50% од заболените пациенти , оздравуваат во период од 10 дена, а 90% во рок од 15 дена. Настинката може да се искомплицира со секундарна бактериска инфекција , која може да наложи антибитоски третман, и тоа инфекција на средно уво (во 30% случаеви) и синуси (во 8% случаеви). Доколку настинката е пропратена со покачена телесна температура, болка во синусите,зголемени лимфни жлезди и продуктивна кашлица, тоа може да е показател за настаната инфекција која налага дополнителен третман.