Како да ги разликувате симптомите на настинка и симптомите на грип?
Грипот и настинката се две различни болести. Настинката е релативно безопасна и проаѓа сама од себе во рок од неколку дена, иако некогаш може да дојде до компликации, од кои најчесто се појавува инфекција на уво. Грипот е нечесто сериозна , која исто така може да предизвика компликации, како што се воспаление на белите дробови,па дури и смрт. За разлика од грипот, симптомите на настинка повеќе се последица на имуната реакција на инфекцијата , отколку оштетувања на ткивата предизвикани од самиот вирус.Меѓутоа, симптомите на настинка и грип, често се преклопуваат и затоа е многу важно да се согледа разликата меѓу нив,со тоа и детално да се пратат нивните симптоми, се со цел полесно да се постави дијагноза. Иако се неспецифични, најчести симптоми на грипот се покачена телесна температура и кашлица, (барем кај лицата помлади од 60 години), додека кај настинката кашлицата е поумерена(блага) дури и отсутна во 50% од случаевите), темературата е поретко изразена, додека воглавно доминираат симптоми поврзани со слузницата на горните дишни патишта, носот и грлото.
СИМПТОМ | НАСТИНКА | ГРИП |
---|---|---|
Температура | Ретко кај возрасни лица – обично благо покачена, често кај мали деца и постари лица, како и лица со нарушено здравје | Секогаш висока (повисока од 39°C во траење од најмалце 3-4 дена) |
Затнат нос | Вообичаено | Понекогаш |
Течење од нос | Вообичаено | Ретко |
Кивање | Вообичаено | Понекогаш |
Болка во грло | Вообичаена | Понекогаш |
Кашлица | Блага до умерена сува кашлица (без искашлување на секрет) |
Вообичаена, сува кашлица која најчесто преминува во продуктивна |
Главоболка | Понекогаш | Вообичаена, долготрајна |
Болка во мускули и коски | Понекогаш, умерени ( благи) | Вообичаени,често јаки |
Замор и општа слабост | Многу умерени(благи) | Изразени, може да траат и 2 до 3 недели |
Изразена исцрпеност | Никогаш | На почетокот и во текот на болеста |