Rhinostop® може да го користат возрасни и деца над 6 години. Rhinostop® се применува перорално (преку уста), во форма на таблети или сируп.
Возрасни и деца над 12 годишна возраст треба да користат Rhinostop® таблети :
- земаат 1 (една) таблета на секои 6 часа.
Доколку на некои возрасни особи, одговара примена на лекот RHINOSTOP® во форма на сируп,може да се применуваат истите дози, кои се препорачани за деца постари од 12 години.
Деца од 6 до 12 години треба да користат Rhinostop® сируп,и тоа:
- деца 6 до 12 години 1 (една) мерна лажичка (5 ml) сируп на секои 6 часа,
- деца постари од 12 години 3 (три) мерни лажички сируп (вкупно 15 ml) сируп ,на секои 6 часа.
Rhinostop сируп е со црвена боја, со карактеристичен мирис на малина, пријатен вкус, така што децата лесно го прифаќаат.
Деца на возраст од 6 до 12 години, не смеат да користат Rhinostop® сируп подолго од 5 дена , без совет од доктор.
Кај пациенти со благо до умерено оштетена функција на бубрезите,се препорачува продолжување на интервалот помеѓу поединечните дози на таблети или сируп – на секои 8 до 12 часа.