Како да ги разликувате настинката и алергијата?

Како да ги разликувате симптомите на настинка од симптомите на алергија?

Почнувајки од течење на нос и кивање до главоболка и чувство на чешање или пецкање во грло, симптомите на настинка и алергија може да се преклопуваат во значителна мерка. Дали постои начин да одредите дали вашите симптоми се предизвикани од алергија или пак од настинка/грип? Како прво, ќе ви помогне на вас, доколку обрнете внимание на тоа ШТО предизвикува алергија , а што настинка.

Алергиска реакција е всушност одговор на имуниот систем на организмот на супстанции кои самиот организам ги препознава како туѓи(алергени). Од друга страна, настинката ја предизвикуваат вируси.

Алергијата неможат да ја препознаат сите лица, туку само оние кои се осетливи на одредени алергени како што е полен,куќна прашина,животински влакна итн. Забележително е дека некои алергии ,нпр. алергија на полен, се јавуваат сезонски во одреден период од годината,кога цветаат растенијата, од кои се шири полен, на кој се преосетливи.

Научниците сметаат дека гените и факторите од надворешната околина , играат улога во тоа кои лица ќе заболат од алергија , а кои нема.

Како се развива алергијата?

Во поголем број од случаевите, дел од телото кој доаѓа во контакт со алергенот е најмногу зафатен. На пример:

  • Алергените кои се вдишуваат често доведуваа до затнат нос,чешање во носот и грлото, продукција на слуз, кашлање .
  • Алергените кои доаѓаат во контакт со очи, доведуваат до чешање,црвенило,солзење и отекување на очните капаци.

 

Со оглед на тоа дека кај алергијата и настинката доаѓа до преклопување на некои симптоми,некои од нив почесто се јавуваат кај едни одколку кај други. Податоците во следната табела , можат да ви помогнат на вас, да направите разлика.Проверете кои симптоми се однесуваат на вашиот случај, а потоа проверете колку често се јавуваат кај состојбата која мислите дека се однесува на вас.

 

СИМПТОМ НАСТИНКА АЛЕРГИЈА
Течење на нос Вообичаено Вообичаено
Кашлица Вообичаено Понекогаш
Кивање Вообичаено Вообичаено
Болка во грло Вообичаено Понекогаш
Чешање на очи Ретко Вообичаено
Бодежи и болки Понекогаш Ретко
Замор Понекогаш Понекогаш
Покачена температура Ретко Никогаш
Затнат нос Вообичаено Вообичаено
Чувство на пецкање во грло Ретко Понекогаш
Главоболка Понекогаш Ретко