Како се лечат настинката и грипот?

Лечење на настинка

Моментално не постои антивирусен лек  кој би можел да ја излечи настинката или да го скрати нејзиното траење.Не постои ни лек кој моментално ги отстранува симптомите на настинка и грип. Сепак,постојат голем број на лекови и третмани кои помагаат да се намалат симптомите на настинка и грип (симптоматска терапија):

  • лекови без рецепт:
    • повеќе компонентни комбинирани лекови (боглавно наменети за лекување на повеќе симптоми наеднаш), нпр. Rhinostop®
    • деконгестиви (против затнат нос), нпр. Reukap®
    • антитусици (против сува кашлица) и секретолитици/експекторанси (ја поттикнуваат продуктивната кашлица и го олеснуваат искашлувањето), нпр. Bronchobos®
    • антихистаминии  (против зголемена секреција на секрет од нос, против кашлица),нпр. Lostop®
    • аналгетици и антипиретици (ги намалуваат болките и ја снижуваат покачената телесна температура),нпр. Paracetamol
    • перорални антисептици (против болка во грло), нпр. Lysobact Spray®
    • површински надворешни препарати како гелови или креми за оштетена/испукана кожа околу нос
  • одмор
  • зголемен внес на течности
  • избегнување на конзумирање на алкохол и пушење
Кај деца со покачена телесна температура не смеат да се користат препарати на база на ацетил салицилна киселина, затоа што употреба за време на вирусна инфекција кај деца може да доведе до појава на  Reyevog синдром, потенцијално многу сериозно дури и смртоносно пореметување. Понатаму, стручњаците не препорачуваат користење на ацетилсалицина киселина, или било кој препарат кој содржи ацетилсалицилна киселина, кај било каква вирусна инфекција (како грип, болести пропратени со исип…) кај деца помлади од 12 години.

 

Лечење на грип

Докторот може да одреди специфичен начин на третман на грипот, врз основа на:

  • возраста на пациентот, неговата здравствена сотојба и неговата медицинска историја
  • типот и прошиеноста на грипот како и тежината на симптомите
  • индивидуалната подносливост ја одредува фармакотерапијата и/или терапевката постапка
  • очекуваниот тек на болеста
  • Вашето мислење или преференца

Целта и лечењето на грипот е да се спречи или да се ублажи развојот на тешки симптоми. Третманот може да содржи:

  • лекови без рецепт:
    • повеќекомпонентни комбинирани препарати (главно наменети за лечење на повеќе симптоми наеднаш), нпр. Rhinostop®
    • деконгестиви (против затнат нос), нпр. Reukap®
    • антитусици (против сува кашлица) и секретолитици/експекторанси (поттикнуваат продуктивна кашлица и го олеснуваат искашлувањето, нпр. Bronchobos®
    • антихистаминици ( против зголемена секреција од нос, против кашчлица), нпр. Lostop®
    • аналгетици и антипиретици (намалуваат болка и ја намалуваат покачената телесна температура), нпр. Paracetamol
    • перорални антисептици (против болка во грло), нпр. Lysobact® ili Lysobact Spray®
  • одмарање
  • зголемен внес на течности
  • избегнување на конзумација на алкохол и пушење
  • лекови на рецепт – антивиротици (лекови кои делуваат против вируси), кои понекогаш може малку да го скратат траењето на болеста, но не може да ја излекуваат. Постојат четири лекови одобрени за оваа намена: amantadin, rimantadin, zanamivir и oseltamivir. Со оглед на тоа дека некои од овие лекови имаат недообјаснат однос корист/ризик  – немаат докажан ефект на намалување на ризикот од развој на компликација или потреба за хоспитализирање, може да предизвикаат некои потешки несакани ефекти или мора да се применуваат со посебно внимание кај некоја група на пациенти (zanamivir и oseltamivir)или може да бидат не се ефикасни поради постојаната отпорност на некои вируси  (amantadin i rimantadin) – овие лекови може да ги препишува само доктор.