За симптомите на настинка и грип

Кои се симптомите на настинка?

Симптомите на настинка и нивното лекување се опишани уште во древните египетски записи – Ebersoн-ов папирус, најстариот постоечки медицински текст кој датира уште од  16. век пред нашата ера.

Со напомена дека постојат индивидуални разлики во надворешните симптоми, најчести симптоми на настинка се:

  • затнат нос или течење од нос,
  • чувство на гребење и пецкање,штипење во грло,
  • кивање,
  • солзење,
  • покачена температура,
  • болка во грлото,
  • умерена сува кашлица,
  • болки во мускулите и коските,
  • главоболка,
  • умор,
  • чувство на треска/преладеност,
  • водест секрет од нос кој менува боја и преминува во густ секрет  со жолтеникава или зеленкаста боја.

 

Симптомите на настинка вообичаено се појавуваат два до три дена после навлегувањето на вирусот во организмот и може да имаат различно траење, од неколку денови до неколку седмици. Настинката обично почнува со чувство на замор, чувство на студ и треска,кивање и главоболка. Често се јавува и болка во грлото, после што следуваат симптоми како што се течење од нос и кашлица, кои се појавуваат во рок од два или повеќе денови. Симптомите може да започнат во рок од 16 часа после изложеноста на вирусот и обично достигнуваат најголема изразеност во  2 или 4-тиот ден од почетокот на инфекцијата. Обично престануваат во период од  7 до 10 дена, но понекогаш може да траат и до 3 седмици. Просечното траење на кашлицата е околу 2 недели, а во некои случаеви пациентите развиваат постовирусна кашлица,која може да биде присустна и после излекувањето на инфекцијата. Кај децата во 35-40% случаевите кашлицата трае подолго од  10 дена, а кај 10% од нив може да траат подолго и од 25 дена.Одреден број на вируси кои може да предизвикаат настинка може да доведат и до асимптоматска инфекција. Процентот на асимптоматски инфекции е поголем кај старите лица, поради послаб имунитет.Со оглед на тоа дека симптомите на настинка се многу слични со симптомите на други болести, добро е да се обратите на доктор.

 

Кои се симптоми на грип?

Симптомите на грип , прв пат јасно ги опишал  Hipokrat пред приближно  2.400 години.

Во основа грипот се смета за болест на дишните патишта, со симптоми кои го зафаќаат целото тело. Болеста во главно настапува нагло. Симптомите обично почнуваат два дена после изложеноста на вирусот и воглавно траат помалку од една седмица.Кашлицата и чувството на замор може да потраат и подолго. Со напомена дека постојат индивидуални разлики во однос на симптомите, кои може да варираат од благи умерени до изразено тешки, најчестите симптоми на грипот се:

  • Висока температура (воглавно почнува со тремор),
  • главоболка,
  • течење од нос или затнат нос,
  • повремено кивање,
  • кашлица, често силно изразена и тешка,
  • болки и бодежи во мускулите , воглавно во градите и нозете,
  • општ замор,
  • понекогаш болка во грлото,
  • нагласена слабост,изнемоштеност.

 

Кај просечните пациенти симптомите на грипот го постигнуваат својот максимум на изразеност во третиот ден. Високата температура и болките, обично траат од три до пет дена, но кашлицата , чувството на замор може да потраат значително подолго и до неколку седмици. Грипот може да предизвика и појава на мачнина, болка во стомак, повраќање и пролив, овие симптоми се многу ретко изразени кај возрасни , но може почесто да се појават кај деца, особено оние кои боледуваат од грип предизвикан од вирусот на типот Б. Поими како што се  “стомачен грип” или „24-часовен грип” се неточни називи кои често се користат да се опишат слични симптоми кај болести на гастроинтестиналниот тракт предизвикани од други микроорганизми.

Околу 30% од пациентите кои боледуваат од грип, немаат симптоми. Од друга страна , грипот може директно да предизвика вирусно воспаление на белите дробови пропратено со отежнато дишење. Доколку се смета дека пациентот почнува да оздравува, а при тоа покачената телесна температура повторно се јавува, тоа претставува знак дека можеби станува збор за секундарно бактериско воспаление на белите дробови.